Здравје

Залеаните шестки се поотпорни на кариес за 70 проценти

Шестките се првите трајни заби, го носат најголемиот товар од џвакањето, а ако рано ги загубиме доаѓа до промена на распоредот на останатите заби.

Децата својата прва посета на стоматолог треба да ја имаат веќе на 1 година.

На првачињата на кои при првиот преглед кај стоматологот на почетокот на учебната година не им се залеани шестките, треба најитно во идните шест месеци тоа да им се направи.

Важно е што побрзо да се направи залевање за да се спречи појава на кариес.

Шестките немаат млечни претходници, и заради тоа треба задолжително да се одржува хигиената на тие заби уште од самиот почеток.

Шестките се најважни заби затоа што го одредуваат распоредот на останатите, а исто така го носат најголемото оптоварување при џвакањето. Ако ги изгубиме прерано ќе дојде до промена на распоредот на останатите заби, а со тоа до појава на разни деформации на загризот и на вилицата. Проблемот е во тоа што кај трајните заби кои штотуку никнале не им е комплетно зацрстена глеѓта па на површината на трајните катници може да се појават дупчиња и фисури. Во формираните дупчиња ќе почне да се собира храна, и како што тие оштетувања не се достапни за влакната на четката за миење на заби почнува скапување на храната која доведува до создавање на бактерии кои водат до кариес.

Кога да се запечатат

За да се спречи целата ситуација наведена погоре се препорачува залевање на катниците. Се залеваат заби кои се созреани, а тоа зависи од терминот кога катникот изникнал. Се претпоставува дека тоа е отприлика 15-18 месеци после никнувањето, односно меѓу шестата и седмата година.

Иако трајноста на залевката на трајните заби е голема, се препорачува редовна контрола на шест месеци.

Се препорачува замена на заливките после година ипол до две, а со тоа би ја провериле и состојбата на забите.

Истражувањата велат дека со залевање на катниците може да се намали расипувањето на забите во рано доба до 50 проценти, а со правилна нега и редовни контроли дури до 70 проценти.

Забот не се струга, и детето може веднаш да јаде

Постапката на залевање воопшто не е болна, нема стругање на површината на забот и веднаш по постапката детето може да јаде. Стоматологот ќе го исчисти и исуши забот и после тоа ја поставува залевката од композитен материјал збогатен со флуориди. Нанесената залевка треба да се стврдне со УВ лампа. Постапката со тоа е готова.

Слични написи

Правилно мерење на крвниот притисок

Biba

Сообраќајната бучава е штетна за здравјето

Biba

Аргентински стоматолози претставија гел кој го неутрализира кариесот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.