Забава

Забавниот парк Дизниленд во Париз до 2030 година двојно ќе се зголеми

 

Дизниленд во Париз е тематски парк во кој на годишно ниво има 15 милиони посетители. Сепак, сопствениците на паркот не се баш задоволни со бројките и поради тоа решија да го зголемат двојно, да ја зголемат бројката на посетители и да постигнат рекорд. Планот е да се додадат нови 14.700 соби и 5.800 нови атракции. Се планира и изградба на трет дел во паркот во кој би се вложиле дополнителни 1.8 милијарди долари.

Се планира изградба на дел кој ќе биде со тематика од анимираниот филм Фроузен (Frozen), и два дополнителни дела кои ќе бидат со тематика од јунаците на Марвел и Стар Ворс (Star Wars).

“Возбудени сме од можноста за проширување на Дизниленд Париз, новите вложувања и новиот изглед на паркот. Ние сме веќе најпопуларната дестинација во Европа, а замислете што ќе биде кога ќе се прошириме”, изјави Роберт Игер, извршниот директор на компанијата Волт Дизни, во чија сопственост е паркот.

Иако завршувањето на работите се очекува во 2030 година, од паркот изјавуваат дека тематските делови ќе се отвораат дел по дел, а првото отворање се очекува во 2021 година.

 

Слични написи

Што открива вашето „буцкасто“ кутре за вас

Biba

Розово езеро – природен феномен во Австралија

Biba

Меѓународен ден на мажите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.