Гастрономија

Брускети со намаз од павлака и кромид

 

Потребни состојки:

  • 1 стар багет исечен на парчиња
  • 1 пакување битолска павлака од 180 г
  • 2 лажици мајонез
  • 1 голем кромид исечен на ситни коцки
  • перца од 1 младо кромитче
  • 1 чешне лук ситно исецкано
  • 50 г биено сирење или пармезан
  • маслиново масло
  • сок од половина лимон
  • 1 домат
  • зачини по вкус: оригано, мајчина душичка, копар, сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот, лукот, битолската павлака и мајонезот убаво измешајте ги додека смесата не се соедини.
  2. Потоа додајте го маслиновото масло, сокот од лимон и зачините и повторно промешајте.
  3. Намазот оставете го во фрижидер за да се излади, а во меѓувреме багетот исечете го на парчиња и убаво намачкајте го со маслиново масло.
  4. Парчињата леб печете ги во загреана рерна околу 5 минути или додека не се заруменат.
  5. Додека парчињата се уште топли, намачкајте ги со намазот од павлака и одозгора изрендајте го биеното сирење или пармезанот.
  6. Декорирајте со сечкани перца од млад кромид и парчиња домат.

 

Слични написи

Не го фрлајте исцедениот лимон, туку замрзнете ја кората и користете го подоцна

dart

Брзи тестенини со путер и пармезан

Biba

Супербрзо фокача лепче

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.