Технологија

Samsung Galaxy A9, првиот смартфон со 4 задни камери

Денес во Милано, Италија, корејската компанија Самсунг го претстави моделот на паметен телефон Galaxy A9, првиот телефон со 4 задни камери. Благодарение на овој модел, Самсунг стана првата компанија што понудила телефон со 4 задни камери.

А9 во секој аспект е телефон што ќе ги задоволи потребите и на најпребирливите корисници, а со оглед на споменатите 4 задни камери и Clear & Bright технологијата на камерата, јасно е дека од Самсунг се концентрирале на аспектот совршена фотографија.

Телефонот е збогатен со екран со големина 6,3 инчи, со HD резолуција 2220 x 1080 пиксели.

Исто така, квалитетот на селфи камерата од 24mp нема да го разочара корисникот. Ќе ви дозволи да го контролирате светлото и да направите совршена селфи фотографија. Од Самсунг истакнаа тека четирите леќи ќе ви овозможат одлична фотографија без никаков напор.

Главната камера од 24 mp (f/1.7) прави светли и чисти фотографии, (ultra wide) камерата од 8 mp (f/2.4) слика под агол од 120 степени, а тука е телефото камерата со 10 mp со 2x оптички зум, и камерата 5 mp (f/2.2) задолжена за Live Focus. Под вертикално поставените камери, поставен е ЛЕД блицот. Исто така од задната страна е поставен и сензорот за отисок на прст, а моделот на располагање ја има и опцијата за препознавање на лице.

А9 го работи на Snapdragon 660 процесор, 6 gb рам меморија, 128 gb внатрешна меморија, која може да се прошири со вметнување на SD картичка до 512 gb. Го напојува батерија од 3800 mAh која ветува долготрајно користење без потреба од полнач. Поддржува брзо полнење.

Уредот користи Андроид оперативен систем, веризја 8.1 Oreo, со Samsung Experience Interface.

Galaxy A9 ќе може да се набави во црна, сина или розева боја.

Слични написи

Што ќе се случи ако во авион не ја вклучите опцијата „авионски режим“?

admin

Vivo официјално ги претстави мобилните телефони X90, X90 Pro и X90 Pro+

dart

Возилата на Audi од 2024 година доаѓаат со 5G поврзување

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.