Технологија

Џеф Безос го претстави концептот на лунарен лендер

 

Основачот, претседател и директор на Амазон – Џеф Безос, го претстави концептот на лунарен лендер со кој би се слетувало на Месечината.

Се работи за летало кое би требало да послужи за превоз на луѓе и опрема на Месечината до 2024 година. Беспилотното летало Blue Moon ќе транспортира научни инструменти, сателити и ровери, и ќе може да се користи и по неколку пати. Дел од леталото ќе биде и ракетниот мотор со ознака BE 7 кој ќе остварува 4535 килограми на потисок

“Време е да се вратиме на месечината и овој пат и да останеме”, изјави Безос.

Тој ги претстави целите на својата компанија за истражување на вселената Blue Origin во Washington Convention Centar, а во публиката беа претставници на НАСА и потенцијални клиенти.

Лендерот може да понесе доволно гориво за патот до Месечината, товарот, сателити и четири самовозечки ровери. Целта на лендерот е да слета на јужниот пол на Месечината каде што се наоѓаат кратерите во кои се пронајдени наслаги од мраз. Водата од тој мраз може да се искористи за производство на водород, кој потоа може да се користи како гориво за леталото и нови мисии низ соларниот систем.

Во март администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави враќање на астронаути на Месечината до 2024 година, а Безос изјави дека ќе може да се испочитува тој рок бидејќи дизајнот на роверот е започнат во 2016 година.

Целта на Безос е да се подобри пристапноста на Месечината, бидејќи има поширока визија во која ги гледа луѓето како работат и живеат на природниот сателит на Земјата. Како илустрација, покажа рендери од самоодржливи колонии во кои би можеле да живеат луѓе, билки и животни.

 

Слични написи

Бришење на пораки во чат на ФБ Месинџер

Biba

Популарната игра Fortnite на удар на огромна критика

Biba

Климатските промени ќе влијаат на бојата на океаните

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.