Психологија

Техники со кои искусните лажговци ги прикриваат своите лаги

Лажговците се свесни за знаците кои ги откриваат дека лажат, па некои од тие знаци учат како да ги сокријат. Сепак, научниците велат дека и покрај тоа, не можат да поминат незабележано.

На Универзитетот во Единбург е направено истражување во кое испитаниците играле игри во парови, во кои едниот партнер треба да го лаже другиот каде се наоѓа богатството во играта на барање. Научниците откриле дека лажговците знаат како да ги сокријат знаците кои ги откриваат, како што е избегнувањето да го гледа партнерот во очи. Авторот на истражувањето, Мартин Корли, изјавил дека оние кои лажат се свесни за телесните знаци кои можат да ги издадат, па затоа научиле како да ги прикријат.

И покрај тоа, нивните партнери во играта успевале да откријат кога личноста лаже. На почетокот на играта научниците забележале 19 знаци на лажење, од кои најјасни биле мрдање на веѓите и правење паузи во зборувањето.

Се покажало дека личноста која слуша може во секунда да ја препознае лагата. Воздишки од типот “ааа”, “ммм”, повторување на зборовите, други воздишки, поправање во зборувањето на половина реченица, се исто така знаци за лажење кои другите лесно ги препознаваат.

Други знаци по кои можат да се откријат лажговците се “пополнување на празнините”, повторно започнување на разговорот или на некоја тема, проширување на речениците, мрдање со главата и рацете, смеење кога се кажува нешто што не е толку смешно.

Лажговците многу често ги гледаат во очи своите соговорници, за да ги сокријат телесните знаци кои ги издаваат – ова е само еден од заклучоците на истражувањето објавено во списанието Journal of cognition.

Слични написи

За да се чувствувате подобро, треба да престанете да се жалите

admin

Пасивното пушење влијае на психичкото здравје

Biba

Премногу отворени прозорчиња на компјутерот влијаат негативно на расположението и на продуктивноста

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.