Љубов и секс

Пет заблуди за секс-играчките во кои воопшто не треба да верувате

 

Сексуалните помагала можат да го зачинат нашиот сексуален живот и да го направат многу возбудлив и интересен.

Но и денес, во екот на технолошкиот развој и осовременување на човекот, постојат заблуди поврзани со секс-играчките во кои не смееме да веруваме.

Еве некои од нив.

  1. Ги користат луѓе кои имаат лош или воопшто немаат сексуален живот. Оваа заблуда е потполна спротивност на она што реално е пракса и вистина. Баш оние што имаат активен сексуален живот и знаат да уживаат во него, ги користат секс-играчките за да го направат поинтересен и побогат. На пример, истражувањата велат дека луѓето што користат вибратор имаат многу поактивен и побогат сексуален живот.
  2. Секс0-помагалата создаваат зависност. Има безброј примери кои докажуваат дека ова тврдење не е вистинито. Луѓето што го откриле вибраторот почнуваат често да го користат, но тоа никако не преминува во зависност. Тие едноставно ја откриваат убавината на секс-играчките и ги користат често за збогатување на сексот.
  3. На жената со вибратор не ѝ е потребен маж. Ова е една од поголемите заблуди. Секс-играчките го збогатуваат сексуалниот живот, но никако не се замена за секс. Затоа, во никој случај играчките не можат да го заменат пaртнерот.
  4. Мажите ги користат секс-играчките само ако не можат да имаат нормален секс. И овој мит како и претходниот, се далеку од вистината. Милиони мажи користат секс-играчки. Истражувањата покажуваат дека дури 21 % од испитаниците користат секс-играчки без оглед дали се во врска или сингл. Најдобар начин да станете вешт љубовник е прво да станете свесни за својата сексуалност, а таа најдобро се открива со помош на секс-играчките.
  5. Со секс-играчките може да се повредите. Не е можно да постојат луѓе што сè уште веруваат на овој мит. Не постојат никакви докази дека секс-играчките можат да ве повредат додека ги користите, се разбира ако ги користите исправно.

 

 

 

Слични написи

Постара жена и помлад маж – може ли оваа врска да опстане?

Biba

Осум изненадувачки начини на кои жената може да забремени

Biba

Колку трае сексот кај паровите што добиле дете?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.