Технологија

Електричен авион со кој патување од 160 километри чини 5 долари

 

Pipistrel Alpha Electro е ултралесен авион наменет за два патника, кој со едно полнење на батеријата обезбедува 1 час летање или 160 километри, а патувањето ќе чини околу 5 долари.

Авионот е тежок 300 килограми, од кои 100 килограми е тежината на батеријата. Го придвижува електромотор од 60 киловати.

Недостаток е тоа што сè уште нема инфраструктура за полнење на батериите на овие авиони.

Според производителот, летањето во ноќни услови дава подобри резултати, заради намалените турбуленции во текот на ноќта.

Цената на овој ултралесен авион е 140 000 долари, а досега се произведени 40 авиони за купувачи од Европа, САД и Австралија.

Во моментов авионот се користи за часови по летање над аеродромите.

 

Слични написи

4 милијарди долари инвестиција на Форд

admin

Десет корисни кратенки на тастатурата за корисниците на Windows 10

Biba

Првиот тунел на Илон Маск

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.