Љубов и секс

Дури половина од луѓето за време на сексот фантазираат за некој друг

 

Иако фантазиите се добри за сексуалното здравје, за врските знаат да бидат опасни.

Во студијата спроведена од британската компанија за секс играчки Ann Summers на 3000 учесници, скоро 57 % од нив изјавиле дека за време на секост со партнерот размислуваат за други.

Сексуалните фантазии се најчести во старосната граница од 35 до 44 години, а средиштето на нивните фантазии се љубовници од нивниот живот, а не имагинарни ликови.

Најпопуларната фантазија е секс со бившите љубовници, дури 40 % од испитаниците изјавиле дека фантазираат за тоа. Меѓу популарните фантазии биле и секс во тројка, врзување, играње на разни улоги, гледање порнографски филмови. Жените, исто така, изјавиле дека имале фантазии за гледање порнографски филмови.

Покрај фантазирање за други додека имаат секс со партнерите, испитаниците изјавиле дека фантазираат и под туш, во канцеларија, во јавен превоз.

Фантазирањето е своевидно бегање од реалноста. Преку него го остваруваме она што ни е срам да го побараме од партнерот.

Со време сексот станува рутина, а фантазиите ја будат динамиката во сексот и го подобруваат либидото.

 

Слични написи

Единствената вештина што е потребна за добар секс

Biba

Фантазирате ли за еротска масажа?

admin

9 неточни митови за сексот за време на бременост

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.