Вести

Голема роденденска забава во Скопје Зоо

 

Оваа година ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на први септември во Зоо Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

 

 Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката. Со почеток од 17:00, ќе се забавуваме со Златно славејче, детската театарска претстава на Неверленд – Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни маскотите.

 

За најсреќните посетители подготвивме супер подароци – електричен мотор, фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац генијалац. Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за први септември подготвија изненадувања за сите посетители.

 

До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат  потенцијални добитници на некој од подароците. Сè што треба да направат е при посета на зоолошката, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.

 

Извлекувањето ќе биде во живо на први септември, во склоп на големата роденденската забава.

 

 

Слични написи

Велики Петок е ден што треба да се помине скромно и во пост

admin

Во Скопје ЗОО целосно ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови

Biba

Златно славејче, ЏП и Стефонатор, RHCP Real tribute и 2 Бона на Summerland

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.