Патуваме

Забавен парк среде пустина во Абу Даби

На сред пустина во Абу Даби е изградена река која е дел од парк вреден 50 милиони долари. Се вели дека е прво место за рафтинг, кајак и сурфање на Блискиот Исток.

Паркот „Al Ain Adventure“ се наоѓа во подножје на рид и е необична глетка во област каде што нема природни реки и каде температурите на воздухот во текот на летото се качуваат и до 49 степени Целзиусови.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, овој парк е продолжение на сето она што вештачки е создадено во оваа земја. Тука се и вештачкиот дожд, вештачкиот снег и вештачката плажа.

Речните канали на паркот се долги вкупно 1,2 километри, што им нуди на кајакарите и рафтерите возбудливо искуство. Паркот е признат низ целиот свет, дури и меѓу спортските професионалци. Во него доаѓаат професионални рафтери, кајакари и сурфери. „Al Ain Adventure“ е особено популарен за тренинзи и редовно е домаќин на 300 спортисти од 35 земји.

Управувањето и одржувањето на паркот е предизвик. Водата во реката е десалинизирана вода од емиратот Рас Ал Каима, кој е оддалечен 300 километри. Десалинизацијата значи претворање на морската вода во свежа вода за да се задоволат највисоките стандарди. Секој ден се трошат 48,4 милиони литри вода. Паркот „Al Ain Adventure“ беше повторно отворен во декември минатата година, по тригодишна пауза поради пандемијата на коронавирус.

 

Слични написи

Најубавото место на светот

admin

Мароко – портата на Африка

dart

Астана и нејзината симболика

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.