Здравје

Промени што се случуваат кога жената ќе влезе во петтата деценија од животот

 

Кога жената ќе наполни 40 години нејзиното тело почнува полека да се менува. Се случуваат видливи и невидливи промени.

Ова се некои од промените кои жените во петтата деценија почнуваат да ги чувствуваат по четириесеттиот роденден.

  • Можно е потешко да се губат килограми. Периодот кога се откажувате од газираните пијалаци, мрсната и калорична храна и веднаш губите 5-6 килограми е минато. Експерти велат дека жена во периодот помеѓу 40 и 55 години добива 5-6 килограми. За тоа делумно е виновен и намалениот метаболизам. Практикувањето на активностите кои сте ги правеле во периодот на четвртата деценија со сигурност нема да бидат функционални во петтата.
  • Можна е промена во менструалниот циклус. Иако е малку веројатно дека жената во тој период ќе влезе во менопауза, сепак може да се забележат промени во менструалниот циклус и тие промени да траат цело десетлетие пред да се влезе во менопауза. Тој период се вика перименопауза. Естрогенот и прогестеронот, хормоните што го регулираат циклусот, почнуваат да флуктуираат. Почнуваат промени како нередовна менструација, несоница, главоболка, случајно раснење влакна, напади на топлина, промена на либидото и уште низа други симптоми. Прва најверојатно ќе биде нередовната менструација проследена со грчеви и поголемо крвавење отколку порано.
  • Се зголемува ризикот од рак на дојка. Постои голема причина зошто лекарите гласно препорачуваат почесто одење на мамографија во петтата деценија од животот. Во триесеттите години веројатноста за дијагностицирање на рак на дојка е 1 во 228 случаи. Меѓутоа, од 40-49 години тој однос е 1 во 69, што е драстично зголемување. Постојат начини што може да се прават и практикуваат за да се избегне можноста за заболување. Избегнување алкохолни пијалаци, консумирање овошје и зеленчук, практикување физички и спортски активности.
  • Може да се намали густината на коските . До 35-тата година од животот густината на коските си останува константна и стабилна. После триесет и петтата година жената губи 1 % од густината на коските секоја година. Сепак жената и на овој план може да направи нешто за себе. Активно вежбање со тегови може да ги направи коските појаки и погусти. Исто така, земање 1500 милиграми витамин Д. Додаток со калциум е исто така од помош.
  • Либидото може да се зголеми. Има истражувања кои велат дека поради перименопаузата либидото се намалува, но сепак генерален став е дека жените  во својата петта деценија имаат зголемено либидо.
  • Можеби послабо ќе гледате. Видот од четириесеттата година почнува да слабее, кај некого повеќе и побрзо, кај други побавно и помалку. Се зголемува сувоста на очите, се појавуваат проблеми при ноќно возење, состојбите како катаракта и глауком стануваат почести.

 

Слични написи

Осум здрави совети од Шаолин монасите

Biba

Раното стапување во сексуални односи го зголемува ризикот од рак на грлото на матката

Biba

Бабите и дедовците го зголемуваат ризикот од дебелина кај децата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.