Забава

Во Истанбул јавниот превоз може да се плати со пластични шишиња

Во Истанбул стартуваше пилот проект во кој јавниот превоз може да се плати со рециклирање на пластични шишиња.

Постапката фунционира на тој начин што во специјализирани автомати за собирање на пластична амбалажа ги уфрлате шишињата и со тоа се генерира износ кој се префрла на електронската картичка за превоз на корисникот.

Автоматите се поставени на 25 локации низ Истанбул, а градските власти имаат план да до крајот на годината да пуштат во употреба 100 такви апарати.

Возењето со метрото во Истанбул чини 2,60 лири, а за едно пластично шише апаратот плаќа 0,03 лири. Потребни се 87 шишиња за едно возење со метрото.

Проектот има за цел подигање на свеста кај граѓаните дека рециклирањето на пластиката е од исклучителна важност, со оглед на тоа дека Турција продуцира 31 милиони тони на отпад годишно од кој само 11% се рециклира.

Слични написи

Најдобрите дестинации за љубителите на чоколадо

Biba

Како да ги организирате книгите во вашиот дом

Biba

Денес е Меѓународниот ден на среќата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.