Љубов и секс

Мисли кои на секој маж му поминуваат низ глава за време на сексот, но никогаш нема да признае

Жените можеби мислат дека мажите немаат проблеми со сексот и дека никогаш не им се случуваат незгодни ситуации, но тоа не е вистина. И мажите се само луѓе, што значи дека понекогаш со пријателите со часови разговараат за работи кои ги мачат. На ист начин го доживуваат и сексот. Ниту мажите не се целосно опуштени и безгрижни за време на сексот, и нив им трчаат низ глава мисли кои никогаш нема да ги признаат пред партнерката.

Кои се тие мисли?

1. “Што ако пребрзо ејакулирам?”

Ова е прашање што ги мачи сите мажи, особено помладите кои имаат секс прв пат. Со проблемот на прерана ејакулација се соочуваат многу мажи, понекогаш заради стрес и трема од стравот дали ќе ја задоволат партнерката или сексот со него нема да ѝ се допадне.

2. “Ужас! Заборавив да се истуширам.”

Ако не знаел дека ќе дојде до секс, ова за мажот може да биде многу непријатно. Непријатни и чудни мириси за време на сексот се нормални, но на мажите заради тоа може да им биде многу непријатно.

3. “Што ако не ѝ се допадне?”

Ова е реченица која често им се врти во глава на мажите за време на сексот. Жените можеби мислат дека мажите се многу самоуверени во кревет, но вистината е малку поинаква. Повеќето од нив се плашат дали ќе ја задоволат жената со која водат љубов или ќе ја разочараат.

4. “Ова мора да го запомнам за друг пат”.

Ако жената има повеќе искуство во сексот од мажот, тој сигурно ќе “украде” некои движења од неа и ќе ги применува во иднина.

5. “Што ако не ми е доволно голем?”

На жените не им е важна големината туку техниката, но секој маж ќе има комплекс ако мисли дека му е премал, и за време на сексот постојано ќе мисли на тоа.

6. “Како заврши оној натпревар од вчера?”

Мажите се големи фанови на спортот, па логично е да размислуваат за него секогаш и секаде – па дури и за време на сексот.

Слични написи

Моќни реченици што сакаме да ги слушнеме повеќе од „те сакам“

dart

Девет работи што можат да го оштетат кондомот за време на сексот

Biba

Пет машки особини што ги привлекуваат жените

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.