Гастрономија

Фрапе од вишни за освежување и враќање на енергијата

 

Потребни состојки:

1/2 чаша вишни

1 банана

2-3 кајсии

1 лажица ленено семе

2 бисквити

200-250 мл млеко

Состојките се доволни за едно лице.

Пред подготовката, овошјето и млекото чувајте ги најмалку еден час во фрижидер, за да бидат ладни.

Начин на подготовка:

  1. Вишните и кајсиите измијте ги убаво и извадете ги семките.
  2. Сите состојки, освен млекото, ставете ги во блендер (или во сад за рачен блендер) и иситнете ги.
  3. Потоа полека со блендање додавајте по малку од млекото, додека фрапето да ја добие посакуваната густина.
  4. Послужете го веднаш во ладна чаша.

На здравје!

 

Слични написи

Брзи и меки крофнички со само две состојки

dart

Колаче со банани

Biba

Дали печурките треба да се измијат пред готвењето?

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.