Автомобилизам

Форд Македонија со нов дом по премиум стандарди

 

Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката на Ford, МИ-ДА Гранд Моторс, започна со работа на својата нова локација, во комплетно нов, атрактивен продажно-сервисен објект, кој воедно е и еден од најмодерните објекти во нашата земја.

Новиот дом на Ford Македонија е направен по премиум стандарди на вкупна површина од 9600 м2, од кои затворен објект на 2640 м2 и располага со Ford салон од 450 м2 каде сите потенцијални сопственици ќе може да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford, како и Ford сервис од 1300 м2 каде веќе постоечките сопственици на Ford ќе добијат висококвалитетни сервисни услуги по врвни стандарди.

„Отворањето на овој објект се совпаѓа со 25-годишнината од присуството на Ford во Македонија и преселувањето на нова локација не значи само преселба на возилата и инвентарот, ниту значи единствено нови канцеларии за нашите вработени. Тоа е всушност согласно деловната стратегија на групацијата, која е во насока на континуиран раст, ефективно работење и подобрување на нашите услуги, па убеден сум дека и нашите сегашни и идни клиенти ќе го препознаат нашиот стабилен чекор напред. Оттука, возбудлив и остварлив Ford кој овозможува профитабилен раст за сите е всушност и дел од мисијата на МИ-ДА Гранд Моторс и верувам дека со оваа нова локација, ќе успееме омилениот Ford да го направиме и подостапен за сите“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Ford Македонија.

Новата локација на Ford Македонија се наоѓа на ул. „Босна и Херцеговина“ бр. 1, односно на крстосницата со Булевар „Словенија“, а покрај Ford салонот и сервисот, истата располага и со модерно опремено и пространо приемно одделение и паркинг за над 100 места. Во склоп на новиот објект ќе почне да функционира и брендот за користени возила „Аутото“, со кој се овозможуваат одлични услови за набавка на половни возила, како и гаранција до 1 година.

Истовремено, по повод отворањето на новиот објект и 25-годишното присуство на пазарот, компанијата ја најави и својата најнова кампања Home Sweet Ford, која овозможува големи попусти и подароци за сите потрошувачи, а трае сè до крајот на 2019 година.

Во рамки на кампањата, за сите возила достапни на залиха следуваат попусти од најмалку 15 %, зависно од моделот, а за одредени модели следуваат и подароци како зимски гуми, каско осигурување, кровни носачи и сл. За корисниците на сервисните услуги на Ford, исто така следуваат бројни подароци и изненадувања.

 

 

 

Слични написи

Шкода официјално ја покажа внатрешноста на новиот Kamiq

Biba

Од 2030 година, Форд на клиентите во Европа ќе им нуди само електрични автомобили

dart

Volkswagen со план да произведува 300.000 електрични возила годишно

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.