Автомобилизам

Тојота во јануари ќе го прикаже новиот спортски GR Yaris

 

Новиот спортски автомобил на Тојота светлоста на денот ќе ја види во јануари на Салонот на автомобили во Токио.

Новиот GR Yaris е наследник на претходниот модел Yaris GRMN кој беше произведен во мал број на примероци.

Тојота во наследникот ги има вметнато сите согледувања и искуства поминати со GRMN и со тоа се надева дека ќе прикаже модел кој ќе биде технолошки напреден и ќе биде пример  на рели-шампионатите. Gazoo Racing е називот под кој Тојота се натпреварува во светскиот рели-шампионат.

По минатогодишното претставување на легендарната Supra се очекува GR Yaris да биде вториот потполно спортски автомобил кој ќе биде понуден на љубителите на спортски автомобили произведени од Тојота.

Според менаџментот, учеството во рели-трките овозможува создавање и на подобри патнички автомобили.

Спецификацијата на новиот GR Yaris сè уште не е позната и со нетрпение се очекува од сите љубители на автомобилизмот.

 

 

Слични написи

Alpina ја претстави новата тјунинг гордост B7 со 600 коњски сили

Biba

SsangYong го претстави Rexton DKR теренецот спремен за Дакар

Biba

ABT Audi RS-5R Sportback со неверојатни 503 коњски сили

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.