Гастрономија

Торта со јаболка и ореви

 

Потребни состојки:

Пандишпан:

3 поголеми јајца

2 чаши шеќер

1 чаша масло

1 лажичка екстракт од ванила

2 чаши брашно

2 лажички цимет

1 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сол

4 чаши лупени и рендани јаболка (по можност благо-кисели)

3/4 чаша сечкани ореви

Фил:

200-250 г маскарпоне

2 лажички омекнат путер

2 чаши шеќер во прав

Начин на подготовка:

Пандишпан:

  1. Во голем сад изматете ги јајцата со шеќерот. Кога смесата ќе се згусне додајте ги маслото и екстрактот од ванила.
  2. Во сад на страна измешајте ги заедно брашното, циметот, прашокот за печиво и солта и додајте ги во смесата со јајца.
  3. Измешајте добро и на крај додајте ги ренданите јаболки и оревите.
  4. Печете околу еден час на температура од 180 степени Целзиусови, или додека тестот со чепкалка да покаже дека тестото е испечено.

Фил:

  1. Во сад изматете го маскарпонето со путерот.
  2. Додајте го шеќерот во прав и матете додека да се стопи и да добиете мазна смеса.
  3. Намачкајте го филот врз оладениот пандишпан.

На здравје!

 

Слични написи

Динстани тиквички со кромид

Biba

Свежа овошна тирамису торта

Biba

Бели тестенини со павлака, пилешко и зеленчук

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.