Гастрономија

Сочно Брауни колаче со ореви

 

Потребни состојки:

2 чаши шеќер

1 чаша путер (или маргарин)

1/2 чаша какао

1 лажичка екстракт од ванила

4 јајца

1 1/2 чаша брашно (може и само 1 чаша)

1/2 лажичка прашок за пециво

1/2 лажичка сол

1/2 чаша ореви

1 чаша = 200 мл

Начин на подготовка:

  1. Стопете го путерот и во него додајте ги шеќерот, какаото и ванилата. Со жица за матење измешајте убаво да се стопи шеќерот и да се изедначи смесата.
  2. Потоа додајте ги јајцата, брашното, прашокот за печиво, солта и исечканите (или на четвртинки) ореви и со лажица убаво измешајте.
  3. Печете во намастено тавче околу 30 минути на 175 степени Целзиусови.

На здравје!

 

Слични написи

Шпагети со петминутен сос од домати

Biba

Жолта торта

Biba

Дали смее да се замрзнува варен ориз?

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.