Спорт

Сеск Фабрегас потпиша за Монако до 2022 година

Шпанецот Сеск Фабрегас потпиша тригодишен договор со францускиот прволигаш Монако.

Тој го напушти Челзи и прејде во клубот кој го тренира неговиот некогашен соиграч Тиери Хенри.

“Нестрплив сум да почнам да играм за Монако. Сакам да му помогнам на тимот”, изјави Фабрегас.

Монако не му исплати никаква отштета на Челзи, но со сигурност плавците ќе добијат надокнада што моментално не е објавена, а е поврзана со настапите на Фабрегас во дресот на клубот.

Монако е моментално во голема криза – се наоѓаат на претпоследното место во Лига 1 и им претстои огромна битка за опстанок. Тиери се надева дека Фабрегас е делот од сложувалката што ќе го овозможи тоа.

Слични написи

Пцостите на Инстаграм го чинеа Нејмар три меча неиграње

Biba

Возбудливо во Ресен на натпреварот помеѓу РК Преспа и РК Работнички

admin

Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.