Љубов и секс

Сексот по четириесеттата

 

Како што секоја врска со времето се менува, така со годините се менуваат и работите во креветот.

По некое непишано правило, за жената четириесеттите се новите триесетти и се сметаат за најубавите години. Тоа се години кога жената знае што сака, што ѝ е потребно и баш ѝ е гајле за сè. Сепак, со годините се менува и нашето тело, а со тоа и сексуалниот живот.

Можеби во некои случаи желбата за секс ќе биде помала како резултат на хормоналните промени. Ќе се јави и ситуација во која ќе биде потребно повеќе време за започнување на сексот поради сувост на вагината, што се решава со помош на лубриканти.

Блискоста со партнерот ќе ви овозможи справување со сите проблеми и подолго уживање во сексот.

Четириесеттите носат и проблем со потешко забременување заради намалување на бројот на јајце клетки.

Оваа доба во животот носи почесто постигнување оргазми, кои се поинтензивни и подолги. Колку е жената постара и поискусна, посиурна е во себе и во своето тело, а со тоа е и поопуштена.

Во периодот на четириесеттите, како резултат на хормоните, и за жената и за мажот е потребно подолго време за постигнување оргазам, што носи подолго уживање во заедничкиот секс.

Како заклучок, може да се каже дека четириесеттите носат период богат со секс и многу уживање.

 

 

Слични написи

Важни теми за кои треба да разговарате со партнерот

Biba

Што сакаат мажите повеќе: див секс или нежност и романтика

admin

Десет работи кои жените и мажите не ги простуваат во кревет

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.