Сцена

Се подготвува нов филм за Боб Дилан

Се подготвува документарец за турнејата на Боб Дилан “Rolling Thunder Revue”, а ќе биде снимен од Мартин Скорсезе. Идејата е филмот да биде базиран на интервјуата со славниот кантавтор.

Како што се најавува, дејството на филмот ќе се темели на опис на немирниот дух на САД во 1975 година и претставување на музиката на Боб Дилан што ја изведувал таа есен.

Се додава дека овој филм ќе биде поедноставен од филмот “No direction home” направен за животот на Боб Дилан, снимен во 2005 година исто од Мартин Скорсезе, а го опишува издигнувањето на Дилан, преселбата во Њујорк и привременото пензионирање по сообраќајката во 1966 година.

“Rolling Thunder Revue” е музички караван кој започнал во 1975 година, а завршил во 1976 година. Уметниците Џони Мичел, Џоун Без, Мик Ронсон, Бет Мидлер, Роџер МекГин, Ален Гинсберг му се придружиле на Дилан во есенскиот дел од турнејата која се смета за најголемата музичка смотра во историјата.

Слични написи

22 Јули, филм за Андерс Брејвик

admin

Доделувањето на наградите Оскар би можело да се одложи

Biba

Осум работи што најверојатно не сте ги знаеле за Рами Малек

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.