Наука

Првиот потрес на Црвената планета забележан од “InSight” на НАСА

 

Роботското возило на НАСА кое од ноември минатата година врши испитувања на Црвената планета, го забележа првиот потрес.

Како што се наведува во информациите – ова е првиот потрес или како што го нарекуваат “марсотрес” некогаш забележан.

Во деталите што се наведени од НАСА, “InSight” преку својот монитор за потреси забележал и евидентирал благ потрес на шести април, а научниците дури вчера решиле да ја соопштат оваа информација на јавноста. Иако тресењето што било забележано потсетувало на благ ветер, научниците велат дека звукот допирал од внатрешноста на Марс.

Францускиот научник Филип Лонјон кој бил задолжен за спроведување на истражувањето и експериментот, вели дека е возбуден од фактот дека Марс е сеизмички активна планета.

Во информациите пласирани од НАСА се вели дека научниците сè уште ги анализираат сите информации добиени од “InSight”.

Сеизмометарот е поставен на планетата минатиот декември, неколку недели по слетувањето на “InSight”.

 

 

Слични написи

Ни се случува ли “климатски апартхејд”?

Biba

Водечки климатолози со предупредување

admin

Научниците пронајдоа микропластика во месото, млекото и крвта на домашните животни

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.