Гастрономија

Похувани тиквички во рерна

 

Потребни состојки:

тиквички (количина по желба)

брашно

јајца

лебни трошки

пире во прав

сусам за наросување

сол и зачини по вкус

масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквичките излупете ги, исечете ги на тркалца или на плочки со дебелина од 5 мм, посолете ги и оставете ги да пуштат вода.
  2. Во еден сад со виљушка изматете ги јајцата да станат течни (може да им додадете сол и зачини по вкус), во друг сад ставете го брашното, во трет сад измешајте еднакви количини на лебни трошки (презла) и инстант пире во прав.
  3. Тиквиците процедете ги од водата. Секое парче тиквичка извалкајте го прво во брашното, потоа во јајце и на крај во мешавината со пире и презла. Редете ги тиквичките во тепсија обложена со хартија за печење и премачкана со зејтин. На крај врз тиквиците посипете сусам и испрскајте зејтин.
  4. Печете ги во рерна загреана на 180 степени Целзиусови, по потреба превртете ги и на другата страна. Кога ќе добијат златнокафеава боја извадете ги од рерна и ставете ги на хартија да се впие вишокот масло.
  5. Може да ги послужите и ладни и топли со сос по ваша желба или како гарнир.

На здравје!

 

 

Слични написи

Колаче со кајсии

Biba

Брза и едноставна италијанска чорба од грав

Biba

Медени бисквити

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.