Љубов и секс

Постојат ли повеќекратни оргазми надвор од порнофилмовите?

 

Сексуалните терапевти велат дека не е невозможна мисија.

За многу жени оргазмот е нешто за кое треба да работат секогаш кога се со нов партнер, и некои од нив секогаш се надеваат дека ќе постигнат нешто што се смета за мит, да постигнат повеќекратен оргазам.

Сексуалната терапевтка Шарлот Креплет вели дека повеќекратниот оргазам не е мит, туку за некои жени е реалност.

На големо застапен во порнофилмовите, повеќекратниот оргазам за жените е несекојдневно искуство, искуство што секоја жена би требало да го доживее барем еднаш во животот.

Да се напомене дека иако фокусот на повеќекратните оргазми е свртен кон жените, тој не е недостижен и за мажите. Станува збор за периодот на опоравување меѓу два оргазма. Кај жените тој е многу пократок за разлика од мажите. Сепак, тоа не значи дека жените се подготвени веднаш за следната акција. Кај некои жени веднаш по првиот оргазам паѓа енергијата, зоната околу гениталиите е премногу осетлива, а влијаат и други фактори кои се разликуваат од жена до жена и од маж до маж.

Инаку, женскиот оргазам е врв на физичкиот одговор на сексуалното возбудување на кое секоја жена различно реагира. За време на сексот жената проаѓа низ фази на возбуда, сè додека не го достигне прагот кога оргазмот е возможен. За некои жени, ако стимулацијата е правилна, оваа фаза може да потрае доволно долго за да се постигнат повеќе оргазми.

Некои жени велат дека првиот оргазам од серијата е најубав и најинтензивен, а следните се со помал интензитет, додека други велат дека со секој следен оргазам од серијата – интензитетот и возбудата се зголемуваат.

Како заклучок, може да се каже дека не постои универзален метод за постигнување на посакуваниот повеќекратен оргазам, туку дека колку повеќе жената си го познава телото, толку се поголеми шансите за постигнување поголемо задоволство.

Следете го своето тело и опуштете се.

 

Слични написи

Детаљ кој открива дали сте среќни во бракот

Biba

Колку луѓе имаат вонбрачни врски?

Biba

Кој и зошто праќа повеќе експлицитни фотографии, жените или мажите?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.