Здравје

Пеган – диета која не изгладнува

Пеган диетата е комбинација од палео и веганска диета која ќе ви овозможи да губите килограми без да гладувате.

За прв пат диетата пеган е претставена од д-р Мајк Хајман во 2015 година. Претставува нов пристап кон исхраната кој ги обединува принципите на палео диетата и веганската диета, две навидум неспоиви струи во исхраната: диета заснована на месо и онаа која потполно го избегнува месото. Оваа диета ќе ви овозможи да губите килограми без притоа да бидете гладни, што е обично главната причина за откажување од диета.

Правила на пеган диетата

Јадете храна со низок гликемиски индекс. Овој тип намирници се во исто време и хранливи, што значи дека треба да избегнувате храна која содржи многу шеќер, брашно и рафинирани јаглехидрати. Наместо тоа јадете легуминози, јаткасти плодови, зеленчук и овошје.

Јадете многу зеленчук. Диетата треба да се состои од 50-75% зеленчук, и тоа колку потемен толку подобро, бидејќи таквиот зеленчук содржи голем број на фитонутриенти.

Јадете вистински масти. Рафинираните растителни масла како што се сончогледовото, пченкарното и соиното треба да ги избегнувате и наместо нив да користите маслиново, кокосово и масло од јаткасти плодови и авокадо, кои се богати со омега масни киселини.

Јадете месо. Месото треба да го јадете како прилог на зеленчукот (до 25%) затоа што во пеган диетата тоа нема главна улога во исхраната.

Избегнувајте млечни производи. Во овој дел се сложуваат и двете диети, бидејќи тврдат дека млечните производи го поттикнуваат таложењето на килограми, предизвикуваат диабетес и болести на срцето. Наместо производи од кравјо млеко употребувајте овчо и козјо млеко.

Избегнувајте глутен. Авторот на диетата смета дека глутенот треба да се избегнува во секојдневната исхрана и да се јаде само повремено во десерти, а житарките од цело зрно се дозволени во мали количини.

Ограничете го внесот на легуминози. Колку и да се добар извор на минерали, влакна и протеини, дневниот внес на мешункасти плодови треба да биде ограничен на една чаша бидејќи го зголемува нивото на шеќер во крвта и може да предизвика проблеми во дигестивниот систем.

Слични написи

Метода на американската војска која гарантира заспивање за 2 минути

admin

Како да спиете за време на бременоста

dart

Децата на мајките кои консумирале канабис може да бидат анксиозни, агресивни и хиперактивни

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.