Љубов и секс

Осум сексуални фази низ кои поминуваат паровите кои се во долги врски

Сексот и страста, како и сè останато, имаат свои подеми и падови. Но, како што велат психолозите – доколку се вложи повеќе труд и се има волја, страста може да се задржи колку и да е долга врската. Според нив, постојат осум сексуални фази низ кои поминуваат паровите кои се заедно долго време.

  • Прва фаза. Опседнатост, желба и страст. Оваа фаза ја следи еуфорија и опиеност од партнерот. Во оваа фаза страста е на својот максимум. Мозокот произведува огромни количини на хормони на среќа (серотонин и допамин), а во телото се случува експлозија на енергија. Оваа енергија паровите најмногу ја користат за секс, кој во оваа фаза се практикува многу често и во огромни количини. Паровите се незаситни еден од друг.
  • Втора фаза. Долги галења и долги предигри. После првата фаза на долг и енергичен секс, настапува фазата на галење. Предигрите се подолги отколку во првата фаза. Чувството на сигурност е многу поважно од брзиот секс во ходникот додека се подготвувате за одење на работа. Полека поминува слепата вљубеност и може да се претпостави каков би ви бил сексуалниот живот понатаму.
  • Трета фаза. Игра на моќ. Во оваа фаза се случуваат борби за моќ, кој ќе биде “шеф” во домот, креветот. Се појавуваат караници кои стануваат сè поинтензивни и почести. Партнерите почнуваат да го користат сексот како оружје за казна или начин на постигнување на нешто што се сака.
  • Четврта фаза. Кокетирање со други. Партнерите во оваа фаза спознаваат дека има и други околу нив. Почнуваат да трагаат по начини за исполнување на потребите кои партнерот не може или не сака да им ги исполни. Реткост е двата партнера во оваа фаза да го практикуваат тоа и никој да не биде неповреден. Сето ова се рефлектира на сексуалниот живот и партнерите сè повеќе ги забележуваат разликите.
  • Петта фаза. Децата се приоритет. Оваа фаза често се нарекува родителска фаза, кога партнерите се навикнуваат на новите улоги. Неспиењето поради обврските околу децата директно влијаат на сексот, и во оваа фаза возбудата е на најниско ниво.
  • Шеста фаза. Сексот е рутина. Љубовната врска или бракот, без оглед дали имате деца или не – преоѓа од забавна во функционална. Заедно сте изградиле тим кој одлично функционира. Сексот е рутински, страста и креативноста речиси исчезнале. За да се преброди оваа фаза треба да се вложи повеќе труд и желба. Браковите многу често во оваа фаза се распаѓаат.
  • Седма фаза. Стареете заедно. Во оваа фаза најчесто децата го напуштаат домот и ова е период кога паровите најчесто се посветуваат еден на друг. Сексот не е толку честа појава, но затоа квалитетот е на завидно ниво. Во оваа фаза паровите се посветуваат на сопственото уживање.
  • Осма фаза. Повторно вљубени. Некои знаат да речат дека оваа фаза е најслатката фаза на сексуалниот живот. Сè знаете, сè сте поминале. Ова е фаза на уживање, поврзување, нежности и безброј бакнежи.

Слични написи

Колку луѓе имаат вонбрачни врски?

Biba

Секс во бременоста? Апсолутно да!

dart

Најчестите грешки што се прават со кондомите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.