Автомобилизам

Новиот модел на Koenigsegg со назив Jesko е распродаден за само неколку дена

 

Сите планирани 125 модели на ултрабрзиот автомобил на Koenigsegg со име Jesko,  се распродадени за само неколку дена. Иако се планира производството да почне на почетокот на следната година, сите 125 примероци си добија сопственици.

Шведската автомобилска компанија со право е задоволна од сработеното. Иако Jesko е промотивно прикажан на саемот во Женева, дури 83 примероци се продадени пред актуелната промоција.

Цената на ултрабрзиот Jesko е 2,43 милиони евра.

Производството ќе започне на почетокот од следната година, а во компанијата планираат да произведуваат по еден автомобил неделно.

Купувачите ќе имаат можност да бираат помеѓу верзиите Track и Top Speed.

Спортскиот двосед ќе го придвижува петлитарски V8 мотор кој во комбинација со горивото Е-85 добива 1600 ks.

Се очекува да достигне 483 km/h и да биде најбрзиот автомобил кој може да се користи на јавните патишта.

 

Слични написи

Jaguar F-type Rally Concept

admin

Првиот мотоцикл на Aston Martin

admin

Harley Davidson го претстави својот прв електричен мотор

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.