Автомобилизам

Мерцедес го претстави AMG CLA 45 Shooting Brake

 

На мерцедес АМГ, по сè изгледа, одлично му оди. По претставувањето на AMG A45 и CLA 45, пристигна уште еден атрактивен модел, AMG CLA 45 Shooting Brake.

Втората генерација на моделот CLA  повеќе е посветен на семејството, што воопшто не пречеше на неговата атрактивност. Овој пат Мерцедес не ја зголеми практичноста со жртвување на перформансите.

 

 

CLA 45 Shooting Brake зрачи со својот спортски дух, а доказот за тоа се наоѓа под хаубата каде што е сместен најјакиот четирицилиндричен бензинец на светот. Тоа е истиот мотор со ознака М139 кој ги придвижува стандардните А45 и CLA, но во овој случај може да се добие во две верзии и тоа со 387 и 416 коњски сили.

Силата на моторот се пренесува преку сите четири тркала со помош на менувач со осум степени на пренос (4matic+).

Кога станува збор за перформансите, може да се наведе дека забрзувањето од 0-100 km/h се постигнува за 4,1 секунда, додека појаката верзија истото го постигнува за 4 секунди.

Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h за првата верзија и 270 km/h за појаката верзија.

Податоците за цена и за комплетната опременост сè уште не се објавени, но повеќе од јасно е дека на купувачите на AMG CLA 45 Shooting Brake нема да им недостасува ништо од топ опременоста на моделите на АМГ.

 

 

Слични написи

Ламборџини ги претстави специјалните верзии на Aventador и Hurican

Biba

Внукот на Фердинанд Порше објави тизер од новиот модел GTL Coupe со 540 KS

dart

Кен Блок ја освојува планината Тианмен во Кина

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.