Технологија

Леново најави преносен компјутер со 13,3-инчен OLED екран на превиткување

 

Леново е прва компанија која најави преносен компјутер со екран на превиткување. Тоа е моделот ThinkPad X1 кој ќе има 13,3-инчен OLED екран произведен од LG.

Кога преносниот компјутер ќе се преклопи на половина ќе функционира како лаптоп. Екранот на горната половина ќе биде дисплејот од лаптопот, додека долната половина од превиткувачкиот екран ќе служи како тастатура осетлива на допир. Доколку екранот се отвори комплетно ќе служи како таблет во формат 4:3.

Се наведува дека уредот ќе има поддршка за Wacom Stylus пенкало, како и поддршка за блутут тастатура. Останатите технички карактеристики засега не се споменуваат, но се шпекулира можноста ThinkPad X1 да се базира на ULV процесорот.

На пазарот би требало да се појави идната година, а цената сè уште не е позната.

Останува да чекаме и да видиме.

 

Слични написи

Јапонците изумија куќа што лебди за да се заштитат од земјотреси

Biba

HUAWEI MateView GT – новата серија на гејмерски монитори веќе e достапна на македонскиот пазар

dart

Новиот сензор од 48 мегапиксели на Сони

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.