Убавина

Зошто треба да престанете да носите градник

Според најновото истражување на тема женски гради спроведено на Универзитетот Бесансон во Франција, секојдневното носење градник не им помага на градите во пркосењето на гравитацијата, туку напротив им одмага.

Во петнаесетгодишното истражување во кое учествувале жени на возраст од 18-35 години, половина од жените носеле градници, а останатата половина не носеле.

 

После долгогодишни мерења научниците заклучиле дека жените кои не носеле градник имале поцврсти гради од жените кои носеле.

“Градите баш и немаат некаква корист од носењето градник. Всушност, градниците ги прават обесени”, изјавила професорката Жан-Денис Руилон, одговорна за спроведување на целото истражување.

Капуцин, една од жените што учествувале во истражувањето и која по завршувањето на проектот престанала да носи градник, изјавила:

“Откако веќе не носам градник многу полесно дишам, подобро се чувствувам и имам помалку болки во грбот”.

Жан-Денис Руилон предупредува дека не смее наеднаш да се престане со носење градник и дека жените во педесеттите години нема да имаат бенефит во истиот момент, туку треба да помине малку време.

Слични написи

Како да имате мазни и убави нозе ако користите брич

dart

Модни дизајнери кои ги знаеме по име, но не ни текнува како изгледаат

Biba

Жените го ризикуваат здравјето на стапалата заради мода

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.