Гастрономија

Едноставен рецепт за пилешко со шампињони

 

Потребни состојки:

400 г пилешки гради

200 г шампињони

1 чешне лук

50 мл масло

1 лажица густин

сол и зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на парчиња и измешајте го со густинот, а шампињоните може да ги исечкате на тенки ливчиња или да ги оставите покрупни.
  2. Загрејте го маслото и испржете го месото во него. Во истото масло откако ќе го процедите и извадите месото, испржете ги и шампињоните.
  3. Потоа вратете го месото во истото тавче заедно со печурките, додајте ги лукот, солта и зачините по вкус. За побогат вкус може да ставите и едно лажиче ѓумбир. Измешајте ја добро целата содржина и послужете со прилог од варен ориз, тестенини или зеленчук, по сопствен избор.

На здравје!

 

Слични написи

Освежително смуди од банана и киви

Biba

Макарони во сос од печурки

Biba

Макарони со мортадела

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.