Од WhatsApp со најава на нова опција која ќе го реши досегашниот проблем со заштита на разговорите. Изјавија дека LOCK опцијата ќе се појави наскоро и со тоа ќе им овозможи на корисниците да можат да спречат неовластено читање на нивните пораки.
Новата опција во апликацијата ќе поддржува TouchID, FaceID и опција за шифра.
Лошата вест во оваа информација е дека апликацијата сè уште не е спремна за пуштање во официјална употреба, и треба дополнително тестирање пред да стане достапна.
Функционалноста на овој додадок ќе биде како и за останатите апликации, со секое стартување на WhatsApp апликацијата ќе се врши автентификација според опцијата што е одбрана.
Додатокот ќе биде опционален, значи може да го активирате или не, во зависност од желбата и потребата.