Технологија

Voyager – чевли што се загреваат преку мобилен

Jimmy Choo, модната икона за дизајн на чевли, реши на зиморливите да им понуди нешто што многу ќе ги израдува. Тоа се чевлите Voyager што можат да ја контролираат температурата преку мобилен.

Дизајнот и идејата е на Jimmy Choo, а технолошките детали се на француската компанија Zhor-Tech.

Како всушност функционира технологијата вградена во зимските чевли Voyager?

Во чевлите има вградено иновативни влошки што може да се загреваат, а се контролирани од апликација на мобилниот уред. Кога ќе ви залади можете да ја покачите температурата на влошките која минимално е 25 степени, а максимално може да се покачи до 45 степени. Греењето може да трае до 8 часови, а потоа е потребно да се наполнат батериите во чевлите. За таа цел на горниот раб зад чевлите има USB приклучок кој е скриен.

Освен технолошкиот дел на зимските чевли, Voyager се обложени и со крзно кое додатно загрева.

Цената на моделот Voyager на Jimmy Choo ќе се биде околу 1500 фунти.

Слични написи

Фејсбук го исполни ветувањето и ја овозможи функцијата за повлекување на веќе пратени пораки

Biba

Јапонецот Акихико Кондо се ожени со холограм

Biba

Пекинг го доби најголемиот аеродром на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.