Автомобилизам

Volkswagen ID.R со нов рекорд на Гудвуд побрз од Формула 1

 

Првиот електричен тркачки автомобил кој e побрз од Формула 1, Volkswagen ID.R, повторно ја промени историјата на мотоспортот со поставување нов рекорд на овогодинешниот Гудвуд фестивал на брзината. Роман Думас ја заврши патеката од 1,86 километри на југот од Англија за само 39,90 секунди. Притоа, електричниот тркачки автомобил со моќност од 500 kW (680 PS) го собори минатиот рекорд кој траеше 20 години, за 1,7 секунди. Тој, исто така, ја освои победата во неделата.
Претходниот рекорд на познатото искачување беше поставен во 1999 година од Ник Хајдфелд и неговиот Ф1 McLaren-Mercedes MP4/13 со 574 kW (780 КС) со мотор со внатрешно согорување.

„Во поставувањето на новиот рекорд на Гудвуд фестивалот на брзината, ID.R уште еднаш покажа дека електричниот погон на Volkswagen може да ги надмине дури и најмоќните конвенционални погонски мотори“, рече директорот на Volkswagen Motorsport, Свен Шмет.
„Ромен Дума го искористи целиот потенцијал на ID.R на оваа кратка, но незгодна патека. По победата на Pikes Peak и рекордот на Nürburgring-Nordschleife, тој сега постигна уште една пресвртница за електромобилноста. Тоа беше моќна изведба на целиот наш тим, кој имаше многу кратко време за да добие лесна варијанта на ID.R и да настапи на Фестивалот на брзината.”

„Многу сум горд што го поставив рекордот во Гудвуд со ID.R. Краткото искачување е многу посебен предизвик. Бидејќи патеката е толку кратка, не можев да си дозволам да направам дури ни најмала грешка и секој аспект на фино подесување на ID.R мораше да биде совршен. Тоа беше особен предизвик, бидејќи не можевме да го тестираме на пат претходно“, рече Ромен Дума, кој претходно ја освои севкупната победа со електричниот рекорд на истото место во 2018 година.

Спринтската верзија на ID.R го презема рекордот од Формула 1

Volkswagen Motorsport систематски го модифицира ID.R за нејзиното натпреварување на Гудвуд фестивалот на брзината. Меѓу другото, најновата еволуција на електричниот тркачки автомобил беше полесна отколку кога ги постави рекордите за Pikes Peak и во Nürburgring.
„Ние користевме помала батерија отколку во Nürburgring и ја оптимизиравме моќноста. Како таква, новата спринт верзија на ID.R тежи помалку од 1 000 килограми“, изјави Франсоа-Ксавиер Демасон, технички директор на Volkswagen Motorsport.
ID.R, исто така, го заврши своето рекордно возење без системот за намалување на воздушен отпор (DRS) кој беше дизајниран за брзите делови на Nürburgring, бидејќи карактеристиката на патеката во Гудвуд направи ова да биде непотребно.

 

Слични написи

Ford GT ќе живее до крајот на 2020 година

admin

McLaren F1 LM продаден за неверојатни 19,8 милиони долари

Biba

Најјакиот и најбрзиот Мини

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.