Автомобилизам

Volkswagen со план да произведува 300.000 електрични возила годишно

Од германскиот автомобилски концерн Volkswagen излегоа со храбра најава за градење на фабрика во Кина, во која ќе се произведуваат 300.000 електрични возила на годишно ниво. Возилата ќе се базираат на новата модуларна платформа MEB. Со ова од Volkswagen уште еднаш ја акцентираа нивната заложба за производство на еколошки автомобили во големи количини.

Изјавија дека во близина на Шангај, Кина, се планира изградба на огромна фабрика во која би се произведувале електричните возила, како и батерии за истите. Се планира производство на над 10 модели на електрични возила, базирани на новата MEB платформа.

Првите MEB возила се планира да почнат да се произведуваат во текот на следната година од производствените хали во Германија, а од специјализираната фабрика во Кина во текот на 2020 година, со електричен модел на SUV.

Фабриката ќе работи преку заедничката германско-кинеска компанија SAIC Volkswagen.

Освен електрични возила, во фабриката ќе се произведуваат и батерии за нив. Од базата во Германија, Кина ја идентификуваа како главен пазар за својата стратегија за електрификација.

Новата фабрика ќе биде опремена со 1400 роботи, прилагодени за стандардите “Industry 4.0”, која во производствениот процес вклучува технологија на вештачка интелигенција и виртуелна реалност.

 

Слични написи

Лада Нива 6×6 – играчка за помалку богатите

admin

FIA ќе направи промени во Формула 1

Biba

Шкода официјално ја покажа внатрешноста на новиот Kamiq

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.