Компанијата Vivo ги претстави новите предводници од серијата X, поточно моделите X90, X90 Pro и X90 Pro+.
X90 и X90 Pro се напојуваат со процесорот MediaTek Dimensity 9200, имаат импресивни камери и можност за многу брзо полнење. Исто така, двата модели имаат заоблени AMOLED екрани од 6,78 инчи со QHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz, додека нивната максимална осветленост е 1.300 nits.
Што се однесува до камерите, X90 доби главна камера од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата (сензор Sony IMX866), ултра широка 12 MP (Sony IMX 663) и телефото камера од 12 MP (Sony IMX 663) со 2x оптички зум . Двата уреди имаат селфи камери од 32 MP.
X90 Pro доаѓа со подобар 1-инчен Sony IMX 989 главен сензор, ултра широка камера од 12 MP и портрет објектив од 50 MP со 2x оптички зум. Серијата X90 е опремена со V2 ISP чип за обработка на слики и подобрена фотографија при слаба осветленост.
Vivo V90 се напојува со батерија од 4.810 mAh, додека кај X90 Pro капацитетот е зголемен на 4.870 mAh. Двата уреди поддржуваат жично полнење од 120 W, меѓутоа, X90 Pro поддржува и безжично полнење од 50 W со услов да има безжичен полнач од 50 W. Мобилните телефони користат оперативен систем OriginOS 3.
Клиентите ќе можат да го добијат X90 во црна, сина и црвена боја за 518 долари за верзијата со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, додека врвната верзија со 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија ќе чини 700 долари.
X90 Pro ќе биде достапен во црна и црвена боја. Основниот модел доаѓа со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија и чини 700 долари, додека најдобриот модел со 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија ќе чини 840 долари.
Во Кина веќе се прифаќаат однапред нарачки, а продажбата започнува на 6-ти декември, додека информациите за меѓународната продажба ќе бидат објавени подоцна.
Vivo X90 Pro+ е, според производителот, „Кралот на сензорите од 1 инчи“. Ова не е првиот уред со сензорот IMX989 на Sony, но доби неколку подобрувања што го прават посебен. „Тајната“ е во леќите бидејќи се користи висококвалитетен стаклен елемент со број Abbe 81,6. Колку е поголем бројот, толку е помала дисперзијата на светлината, а пластиката може да има до 30. Има и облога со формулација Zeiss T* што го намалува отсјајот, а леќите имаат прилично широка бленда f/1,75 што пропушта повеќе светлина.
Има и голем 1-инчен IMX989 сензор, така што камерата има 77 проценти поголема фотосензитивна област во споредба со сензорот од 1/1,3 инчи на X80 Pro. Индивидуалните сензори од 1,6 µm може да се врзат во групи од четири за да се постигне ефективна големина на пиксели од 3,2 µm.
X90 Pro+ е опремен со две телефото камери, од кои едната има перископска леќа од 90 mm и сензор од 64 MP. Овој има 3,5x оптички и максимален 100x дигитален зум. Има и 50mm портрет објектив со сензор од 50MP (IMX758). Сите три споменати камери имаат оптичка стабилизација на сликата.
Ултра широката камера е оптимизирана за мало изобличување, има видно поле од 114 степени и сензор IMX598 од 48 MP. Задните камери кои имаат автофокус се поддржани од ToF ласерски систем. Напред се наоѓа селфи камера од 32 MP.
X90 Pro+ може да снима 8K видео со 30 fps, а оние кои сакаат квалитет можат да користат 14-битен RAW видео режим. Можно е да се калибрира камерата и да се избере помеѓу Zeiss Natural Color 2.0 и Vivo Vivid Color режимот. Поддржани се форматите Dolby Vision и LOG за да можете да фотографирате со 10 fps додека снимате видео. Целосната резолуција сè уште не е позната. Модовите развиени во соработка со Zeiss, имено Landscape, Architecture и Miniature Bokeh, ќе бидат достапни за корисниците.
Vivo X90 Pro+ се напојува со најновиот процесор Snapdragon 8 Gen 2, поврзан со 12 GB RAM и 256 или 512 GB од новата меморија UFS 4.0. Процесорот е поврзан со голема комора за испарување (8.900 mm2) што гарантира дека перформансите остануваат стабилни.
Обработката на слики ја врши Vivo V2 ISP процесорот.
X90 Pro+ користи голем екран од 6,78 инчи со резолуција од 1.440 x 3.200 пиксели и формат 20:9, а станува збор за LTPO 4 AMOLED панел (Samsung E6) со брзина на освежување од 120 Hz. Неговата максимална осветленост е 1.800 nits и поддржува Dolby Vision.
Моделот е достапен во кинеска црвена и оригинална црна боја со текстура на имитација на кожа. Отпорен е на вода и прашина според стандардот IP68. Дебелината е 9,7 мм, а тежината 221 грам. Се напојува од батерија со капацитет од 4.700 mAh, која е поделена на две ќелии за брзо полнење. Поддржува жично полнење од 80W и безжично полнење од 50W и целосно се полни за 33 минути. Мобилниот телефон е опремен со стерео звучници, но може да се поврзе и со новите слушалки Vivo TWS 3 Pro.
Уредот користи Origin OS 3, преднарачките започнуваат на 28 ноември, додека во продажба ќе се појави на 6 декември. Плановите на глобалниот пазар не се обелоденети. Во Кина верзијата со 12 GB RAM и 256 GB меморија ќе чини 910 долари, а верзијата со 512 GB меморија ќе чини 978 долари.