Автомобилизам

Veneno Roadster е најскапиот хиперавтомобил на Lamborghini некогаш продаден на аукција

 

Еден од автомобилите со најрадикален дизајн дефинитивно е Veneno, а се закити и со титулата најскапо продаден хиперавтомобил  на аукција на Lamborghini.

Veneno Roadster е модел изработен во само девет примероци и кога дебитираше неговата почетна цена беше 4,5 милиони долари. Примерокот за кој пишуваме беше сопственост на синот на претседателот на Екваторијална Гвинеја.

 

 

Автомобилот бил запленет од властите на Швајцарија поради пресуда за трошење на јавни пари за забава и лично задоволство.  Сепак, тој успеал да се договори со швајцарските власти и автомобилите да ги продаде, а парите да ги употреби за општествено корисни намени во својата родна земја.

Примерокот на Veneno Roadster кој се продаваше на аукцијата е беспрекорен, освен една мала гребаница која на новиот сопственик кој изброи дури 8,3 милиони долари воопшто не му пречи. Овој суперавтомобил има поминато само 324 километри и сè уште ги има фабричките гуми.

На истата аукција беа продадени и примероци на LaFerrari за 2,9 милиони долари, Bugatti Veyron за 1,31 милиони долари, Koenigsegg One за 4,6 милиони долари.

 

 

Слични написи

Сони и Хонда заедно ќе произведуваат електрични автомобили

dart

Изненадување за Ферари на самиот почеток на Формула 1 натпреварувањето

Biba

Најдобрите автомобили на светот за 2018 година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.