Автомобилизам

Vandal One – уличен болид

 

Американската компанија Vandal Cars претстави болид за возење по градските улици наречен Vandal One. Тоа е возило со набилдан мотор од Honda Civic со 560 кс и маса од 555 килограми.

Колку е важен соодносот на маса и можноста на моторот покажаа модели како Lotus и Ariel Atom.

Vandal One како погон користи мотор што го донираше Honda Civic Type R. Се работи за дволитрен мотор, турбо бензинец со четири цилиндри. Стандардната верзија има моќност од 310 кс, но со темелен тјунинг силата е зголемена на дури 560 кс. Иако се работи за мотор со турбо полнач, експертите од компанијата велат дека со леснотија може да оди до 9000 вртежи во минута.

Купувачите што немаат поголеми барања може да ја добијат и поскромната верзија со 340 кс, која не е ни малку за потценување бидејќи тежината на автомобилот е само 555 килограми.

Официјалните перформанси се сè уште непознати, но се претпоставува дека спринтот од 0-100 ќе трае само 2,5 секунди. Силата ќе се пренесува преку задните тркала со менувач со шестстепен пренос. Бесењето е изведено со “pushrod” технологијата како и кај болидите на Формула.

Нарачките ќе стартуваат на крајот од годината, а засега е позната само цената на базната изведба со 340 кс која изнесува 119.700 долари.

Слични написи

Brabus ја претстави својата прва креација на новата S класа на Mercedes

dart

Manhart го преработи Audi – RS Q8

Biba

BMW се прости од моделот i3 со 18 златни примероци

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.