Select Page

Trip Advisor ја обелодени листата на градови со најдобра храна

Trip Advisor ја обелодени листата на градови со најдобра храна

Како и секоја година, така и оваа, Trip Advisor, најдобриот онлајн помошник за патување, ја објави листата на градови со најубава локална храна на светот. Листата се креира врз основа на коментари од читатели, и во топ 10 градови се најдоа дури 3 италијански.

Број еден на листата е Рим, кој според читателите е гастрономски центар на Италија и на светот. Тоа е град што е преполн со луѓе преку целата година. Читателите со највисока оцена ги оценија локалните слаткарници кои подеднакво ги посетуваат и локалците и туристите.

На второ место е уште еден италијански град, Фиренца. На централниот пазар Mercato Centrale може да го доживеете вистинското италијанско шопинг искуство. Овој пазар се наоѓа во близина на базиликата Сан Лоренцо, и претставува вистински гурмански рај. Вистинско доживување е и патувањето во село каде туристите може да го доживеат вкусот на домашен сладолед и пица.

Париз го зазема третото место на листата на Trip Advisor. Најинтересна за туристите била турата Вкусовите на Монмартр.

Барселона го има четвртото место, заради интерактивното доживување на готвењето.

На петтото и шестото место се наоѓаат Њу Орлеанс и Њујорк.

Венеција е на седмото место и е третиот италијански град што добро котира во светот на гурманите. Според читателите е идеално место за добро вино, морски плодови, но и за тестенини.

Заради пазарот Mercade del San Miguel, Мадрид го има осмото место на листата. Таму можете да ги пробате познатиот тапас и вкусовите на шпанските вина.

На деветто место е Токио, а на десетто Бангкок.

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.