После 60 години филмска кариера, Роберт Редфорд изјави дека дефинитивно се повлекува од актерството.
Никогаш не вели никогаш, но прилично сум сигурен дека ова е тоа. Време е за пензија бидејќи веќе долго сум пред и зад камерите. Помислив – доста е од мене и зошто не би ја завршил кариерата со филм кој е убав и позитивен, изјави Роберт Редфорд за „Entertainment Weekly“.
Првото појавување го имал во 1962 година во филмот „War Hunt“.
Тој ја одбрал вистинската приказна за Форест Такер да биде идејата за својот последен филм. Тоа е приказна за криминалецот кој ограбувал банки и неколку пати избегал од затвор. Актерот бил фасциниран од овој човек.
Прекрасен лик кој го играм во овој период од животот. Тоа што посебно ме привлече е фактот дека ограбил 17 банки, бил фатен 17 пати и 17 пати отишол во затвор. Но, и побегнал 17 пати. Се прашав дали убавината на неговиот живот е тоа што не се плашел дека ќе биде фатен, бидејќи ќе почувствува возбуда кога ќе побегне, рекол Редфорд.
Да го погледнете филмот.