Автомобилизам

Subaru STI модели на саемот на автомобили во Токио

Од Subaru подготвуваат нешто големо и важно за саемот на автомобили во Детроит, но решија да прикажат нешто ново и на саемот во Токио.

Тоа се два нови концепти за моделите Forester STI и Impreza STI.

Иако на прв поглед STI за Forester ни нема логика, сепак од Subaru решија на овој теренец да му дадат спортски дух. Овој концепт е подготвен за сериско производство. Од спортските делови на STI се доби комплетен сет на аеродинамички додатоци, прекрасната Fighter Grey боја, 19 инчни гуми и моќни шестоклипни кочници на предните тркала.

Другиот концепт од Subaru е базиран на Impreza и ќе биде наменета само за пазарот во Јапонија.  STI верзијата на овој автомобил опремена е со серија на специјални компоненти и внатре и надвор. Доби комплетен аеродинамички сет, како и неколку визуелни промени.

Овие два STI модела со сигурност ќе привлечат големо внимание на автосаемот во Токио.

Слични написи

Kласика и луксуз споени во мерцедес 600 пулман

Biba

Porsche 711 Cayman T

admin

Bugatti го пензионира својот турбо бензинец W16

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.