Rexton DKR е возило подготвено од одделот SsangYong Motorsport, и треба да одговори на сите предизвици на сите препреки на Дакар релито.
Релито ќе се одвива во Перу. Ќе трае 11 дена од 6-17 јануари 2019 година, а Rexton DKR ќе го вози шпанецот Оскар Фуертес.
Rexton DKR е возило слично на баги со специфична шасија, и со големиот брат со исто име немаат скоро ништо заедничко.
Моделот наменет за Дакар релито ќе го движи V8 мотор со 450 ks, сместен во задниот дел. Силата ќе се пренесува со секвенцијален менувач со 6 степени на пренос и Torsen диференцијал со самозаклучување на задните тркала.
Автомобилот е тежок 1,900 килограми, а од 0-100 km/h постигнува за 4,4 секунди. Максималната брзина му е 196 km/h.
Rexton DKR ќе се натпреварува во Т1-3 за бензинци со погон на две тркала.
Релито ќе се вози комплетно низ пустина и за таа намена Rexton DKR доби 17 инчни тркала и бесење кое ќе му овозможи совладување на теренот со леснотија.