Девојките од светски познатата група Spice Girls, по 10 години пауза решија повторно да се обединат и да направат голема британска турнеја, но за жал без Викторија Бекам.
Деталите за враќањето на музичката сцена го обелоденија денес.
Турнејата ќе ја започнат на стадионот на Etihad во Манчестер на први јуни 2019 година, а картите се во продажба веќе од оваа сабота.
Spice Girls исто така ќе настапат во Coventry, Sunderland, Edinburgh, Bristol, а турнејата ќе ја завршат на Wembly стадионот во Лондон.
“Ќе настапуваме само ние четири, но сепак се надевам дека Викторија некако ќе успее да ни се придружи. Би било штета да го пропушти ова”, изјави Мелани Браун.