Технологија

SpaceX го тестираше топлотниот штит за своето летало Starship

 

Елон Маск со секој свој чекор покажува дека е упорен во намерата да отпатува на Марс и успешно да се врати. За да се изведе сето тоа потребно е летало кое ќе одолее на сите влијанија во вселената и отпорот на кој ќе биде изложен при навлегување во Земјината атмосфера. Потребно е да издржи огромна температура, и поради тоа во SpaceX конструираа топлотен штит кој беше тестиран и успешно ги помина тестовите.

Маск на својот Твитер пишал дека штитот издржал температура од 1650 Kелвинови степени (1376.85 степени Целзиусови), а неговиот хексагонален облик му помогнал да спречи оштетувања од топлината.

Исто така, Маск вели дека ќе биде додадено “транспирациско ладење” на деловите од штитот кои се изложени на ерозија, бидејќи Starship мора да биде подготвен за полетување брзо откако ќе слета. Овој тип овозможува дополнително ладење на штитот со испуштање на вода и метан кои делуваат како разладен реагенс.

Со успешниот тест на штитот, Елон Маск е уште еден чекор поблиску до патувањето на Марс кое се најавува за 2024 година.

 

Слични написи

Apple хакиран од 16 годишно момче

admin

Електричните автомобили би ја намалиле емисијата на јаглерод диоксид за само 0,4 %

Biba

Дрон кој може да подигне товар 40 пати поголем од својата тежина

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.