Технологија

SpaceX го носи првиот патник на пат околу месечината

SpaceX во понеделник ќе ги открие деталите за својот лет околу месечината, како и тоа кој е првиот патник кој ќе патува со тој лет.

Луѓето го имаат посетено природниот сателит на земјата далечната 1972 година.

Калифорниската компанија во сопственост на Елон Маск објави дека го договориле првиот патник за пат околу месечината со вселенската ракета со кодно име BFR.

Замислен како меѓупланетарен брод кој би служел за праќање на луѓе во вселената, BFR (Big Falcon Rocket) е ракетен систем темелен на комбинација од ракета и вселенски брод наречен BFS (Big Falcon Spaceship).

Маск минатата година објави дека главната ракета ќе биде опремена со Раптор мотор и дека во првата фаза ќе може да пренесува товар до 150 тони во ниската орбита на Земјата, а во другата фаза до 100 патника на Марс.

Дознајте кој ќе лета и зошто, во понеделник на 17 септември.

Слични написи

Најголемиот авион на светот со две пилотски кабини, полета за прв пат

admin

Популарната игра Fortnite на удар на огромна критика

Biba

Женски тандем ќе прошета во вселената

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.