Технологија

SpaceX го подготвува леталото Crew Dragon за полетување во вселената

Идниот месец SpaceX прв пат во вселената ќе ја лансира Crew Dragon вселенската капсула за екипаж, но во неа сè уште нема да се испраќаат астронаути.

Доколку лансирањето помине како што треба, ова лето капсулата ќе ги однесе во вселената астронаутите Боб Бенкен и Даг Харли, а како изгледа погледот од пристапната рампа на ракетата Falkon 9 со капсулата Crew Dragon, погледнете во видеото.

Многу труд и време е посветено на внатрешниот дизајн на капсулата, која е едно од најлуксузните летала за превоз на астронаути. При дизајнирањето многу се внимавало на нивниот комфор и удобност, иако однадвор капсулата не остава впечаток дека е “вселенска лимузина”.

Седиштата за астронаутите се направевни од јаглеродни влакна и облечени се во алкантара, што е еден вид на посебно издржлив вештачки антилоп кој може да се најде во луксузните автомобили. Crew Dragon нема тоалет, но има големи прозори низ кои астронаутите можат да уживаат во погледот на Земјата која ќе се намалува како што ќе се оддалечуваат од неа во вселената, а тука е и мноштвото од екрани на кои ќе се покажуваат податоци за сите параметри на летот во реално време. Астронаутите на располагање ќе имаат можност да го подесат греењето на посакуваната температура, како и да преземат рачна контрола над леталото ако нешто тргне како што не треба.

Слични написи

Јапонските научници тестираат идеја стара два века

admin

Русите го пратија Федор во вселената

Biba

Австралија користи дронови за да ги лоцира крокодилите кои се во близина на пливачите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.