Автомобилизам

Smart For Two тјуниран од германската компанија Мансори

 

Познатата германска тјунинг компанија реши да се позанимава со малиот Smart For Two и според финалниот производ, испорача перфектно мало возило.

Во Мансори се позанимаваа и со надворешноста и со внатрешноста, а не заборавија да го унапредат и агрегатот.

Надворешноста е специфична. Бојата на каросеријата е виолетова, хаубата е изработена од карбон и со тоа е постигнат агресивен изглед на малиот автомобил. Калниците се проширени, а решетката кај ладилникот има изглед како кај АМГ автомобилите.

За разлика од виолетовата надворешност, внатрешноста е во боја на сенф.

Подобрениот мотор од 898 кубни сантиметри испорачува од 90 до 125 коњски сили.

На целата естетика придонесуваат и гумите кои се со димензија од 18 инчи.

Слични написи

Најдобрите зимски гуми според ADAC

admin

Возачот на Ферари Ф1, Шарл Леклер, остана без часовник вреден 320.000 долари

dart

Во салонот на порше промовирана новата шкода скала

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.