Технологија

Royole им ги измеша сметките на Samsung и на Huawei

Додека сите го имавме вперено погледот кон Samsung и Huawei и ја следевме нивната трка за првиот комплетно свитлив екран на мобилните телефони, во играта од никаде влета Royole и го претстави првиот телефон со екран на превиткување во светот, со име FlexPai.

За воља на вистината тоа нема да биде техички конкурент на Samsung и Huawei, но сепак ќе може да се пофали со тоа дека биле први со таков модел.

Моделот FlexPai првенствено е прототип со многу недоработени опции како на хардверска, така и на софтверска основа, сепак принципот на работа е видлив. Големината му е 7,8 инчи, а кога ќе се превитка станува телефон со дисплеј од 4 инчи. Опремен е со Qualcomm Snapdragon 8150 процесор кој ќе го има и во водечките модели како S10, Pixel 4, OnePlus 7 од следната година. Самиот екран е прилично пластичен и со оглед на тоа дека до моментот на појавување на пазарот има уште време, најверојатно производителот ќе го замени со пофлексибилен и поквалитетен екран, интересен за корисниците.

Покрај одличниот процесор, FlexPai ќе биде понуден со 6 и со 8 gb рам меморија и 128, 256 и 512 gb на внатрешна меморија за складирање на податоци.

Со опцијата Ro-charge од нула до комплетно полнење на батеријата ќе биде потребен само еден час. Телефонот ќе биде опремен со предна камера од 16 мегапиксели и заадна камера од 20 мегапиксели со телефото леќа.

Софтверскиот дел на преполовување на екранот функционира добро.

Генерално FlexPai е добар телефон и цената што е препорачана за стартот на продажбата е 1300 долари, но таа ќе расте во зависност од меморијата.

https://youtu.be/ZjdGhHLQIH4

 

Слични написи

Кинеската лунарна сонда Chang’e 4 слета на Месечината и ја испрати првата фотографија

Biba

Мобилниот телефон има повеќе бактерии отколку рачката на казанчето

Biba

Xperia 5 IV е новото од Sony

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.