Автомобилизам

Rolls-Royce Cullinan од Carlex Design го носи луксузот на следното ниво

Carlex Design е тјунинг компанија која главно зазема нетрадиционален пристап кон редизајнирање на луксузни и скапи возила од различни марки. Една од моделските линии посветена и инспирирана од едрењето доби нов член, Rolls-Royce Cullinan Yachting Edition.

 

Кулинан стана уште полуксузен по третманот на Карлекс, иако тоа не е баш лесно да се постигне. Моделот следи сличен дизајнерски рецепт како Land Rover Defender Yachting Edition кој беше претставен пред две години. Деловите од каросеријата се обоени во сребрена боја, браници и врати, додека хаубата, решетката на ладилникот, покривот, столбовите и другите ситни детали се црни. Карлекс вели дека двете бои „контрастираат, но повторно совршено се совпаѓаат“. Cullinan доби и масивни 22-инчни алуминиумски тркала со пет краци.

 

Духот на едрење е уште поприсутен во ентериерот, кој е речиси целосно редизајниран. Седишта се во иста сребрена боја како и надворешноста, а сребрени детали може да се најдат на контролната табла, панелите на вратите и централната конзола, додека портокалови кожни делови се присутни на контролната табла, столбовите, потпирачот за раце, воланот и други делови. Исто така, дрвото се користело за украсување.

 

Под хаубата нема промени, останува 6,75-литарски твин-турбо V12 мотор кој развива 563 КС и 850 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на сите четири тркала преку осумстепен автоматски менувач ZF.

За цени, контактирајте со Carlex Design.

 

 

Слични написи

Алфа Сага е електричен седан со опсег од речиси 500 километри

dart

Изненадување за Ферари на самиот почеток на Формула 1 натпреварувањето

Biba

Porsche ги претстави новите 911 Carrera Coupé и 911 Carrera Cabriolet

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.